Неофицијално потврдена причината за смртта на тапанарот на Foo Fighters

Тапанарот на Foo Fighters, Тејлор Хокинс, во моментот на смртта имал 10. психоактивни супстанции во телото, вклучително и опијати, објавија во саботата колумбиските власти. Тапанарот на познатиот американски бенд беше пронајден мртов во петокот, на својата 50-та година, во хотелска соба во Богота, каде што бендот требаше да настапи истата вечер.
„Токсиколошката анализа досега откри десет супстанции во телото на Тејлор Хокинс, вклучувајќи опијати, антидепресиви, анксиолитици и марихуана“, соопштија колумбиските власти.


Обвинителството на колумбиската држава официјално не ја објави причината за смртта, но локалните медиуми, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, наведуваат дека станува збор за предозирање со хероин и комбинација од антидепресиви и бензодиазепини.
Медиумите објавија и дека тапанарот бил пронајден мртов во неговата соба во хотелот „Каса Медина“ откако се јавил на рецепцијата и се пожалил на болки во градите. Меѓутоа, Брзата помош го пронашла без знаци на живот.
Хокинс во минатото имал проблеми со зависност од дрога и едвај преживеал предозирање пред 20. години.

This image has an empty alt attribute; its file name is tejlor-hokins-spomen-1024x673.jpg


Групата Foo Fighters е основана во 1994. година од Дејв Грол, тапанарот на Нирвана. Бендот има издадено 10. студиски албуми со бројни хит синглови како „Everlong“, „Times Like These“ и „Learn To Fly“.
Тие освоија 12. Греми и беа примени во „Куќата на славните на рокенролот“ минатата година.
Хокинс е нивен член од 1997 година, а претходно свиреше со Аланис Морисет.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можна драма – Доналд Трамп уште еднаш се заканил дека ќе го депортира принцот Хари

Иднината на принцот Хари во САД повторно е тема на разговор бидејќи Доналд Трамп бил …