Познатата австралиска актерка Андреварта починала на 72-годишна возраст
Џенет Андреварта, која беше ѕвезда на култната серија „Соседи“, во која ја глумеше Лин Скали, починала во петокот во Мелбурн, а покрај неа биле ќерките Елоиз и Сара.
Нејзината смрт беше објавена во неделата на 28 јули, а од саканата актерка се простија на профилот на споменатата серија во која Џенет стекна слава.
View this post on Instagram
„Сите во Neighbours се длабоко тажни поради смртта на Џенет Андреварта“, се вели во објавата.
„Сакана од публиката по нејзиниот портрет на Лин Скали во улицата Ремзи, Џенет ќе остане запаметена по нејзиниот широк опус, кој ја вклучува нејзината незаборавна улога како Реба Кен во „Затвореникот“.
Во објавата се објавени и зборовите на една од најблиските пријатели на починатата актерка Џеки Вудбурн, која во серијата ја играше Сузан Кенеди.
„Џенет беше една од најдобрите актерки на својата генерација, но повеќе од тоа, таа беше извонредна жена“, напишала таа.
„Страсна, љубопитна, прекрасно ексцентрична, дарежлива и смешна. Таа ми беше пријателка повеќе од 45 години. Ќе ми недостига секој ден“.
Џенет го помина целиот свој живот работејќи во индустријата за уметност и забава, бидејќи ја започна својата кариера како професор по музика пред да посетува драмско училиште.
Џенет голем дел од работниот век го поминала и во театар, пренесува „Дејли меил“.
Фото: Принтскрин/Instagram