Актерот Марк Марон зборуваше за ненадејната и трагична смрт на неговата девојка Лин Шелтон. 54-годишната режисерка почина пред три дена од болест која нема врска со коронавирусот.
“Тоа беше сериозно, за неа досега непозната состојба. Таа не беше заразена со коронавирус. Лекарите не можеа да ја спасат, иако се обидоа да дадат се од себе. Ова е катастрофално. Моето срце е скршено, јас сум во целосен шок и не знам како да продолжам понатаму. Сакав да се обратам на овој начин, така што секој што ја познаваше ќе знае, некои слушнале, некои сè уште не“, објаснил Марк во писмото испратено до IndieWireu.
Марк во емотивно соопштение признал дека смртта на неговата долгогодишна девојка целосно го скршила.
“Таа беше полна со радост, убава, љубезна, харизматична. Се смеевме заедно, почнавме да живееме заедно и навистина не можам да верувам што се случува. Ова е ужасна и тажна загуба”, додал актерот.
Рис Витерспоон исто така, на Твитер, се збогувала со режисерката.
“Јас сум многу девастирана откако слушнав дека Лин Шелтон вчера почина. Во целосен шок што оваа живописна, талентирана режисерка повеќе не е со нас. Лин беше многу страсна за нашата серија ‘Мали пожари насекаде'”, напишала Рис.
I’m so devastated to hear about Lynn Shelton’s passing yesterday. I’m in complete shock that this vibrant, talented, and soulful filmmaker is no longer with us. Lynn was so passionate about our show, Little Fires Everywhere. pic.twitter.com/E8s4dozfDO
— Reese Witherspoon (@ReeseW) May 16, 2020
Комичарот Минди Калинг исто така се збогувал со неа на социјалните мрежи.
“Нејзината прекрасна, весела енергија беше заразна и актерите секогаш сакаа да бидат околу неа. Секогаш ќе ми недостасува. Одмори се во мир, Лин. Те сакам”, напишал Калинг.
Во својата долга кариера, Шелтон работеше на сериите – Mad Men, Glow, Shameless, New Girl и многу други проекти.0