Неколку чекори на патот до побезбедна иднина

Во денешниот свет, каде брзиот развој на технологијата и начинот на живот носат нови предизвици, концептот на намалување на штетите добива сè поголемо значење. Во многу области од животот, оваа стратегија претставува практичен пристап за минимизирање на негативните последици, без целосно елиминирање на ризиците. Примери за тоа се видливи насекаде околу нас – од едноставни секојдневни предмети до напредни технологии.

Да бидеме практични во објаснувањето на поимот на концепт на намалување на штети.


Неодговорноста и несовесното однесување во текот на возењето и понатака е една од главните причини за сообраќајни незгоди на патиштата во кои за жал има и жртви. Покрај брзото возење, возењето под дејство на алкохол, зборување на мобилен додека управуваат со возилото, избегнувањето на врзување појас исто така има удел во бројот на жртви. А како еден од најпознатите примери на намалување на штетите е појасот во колите. И додека возењето секогаш носи одреден ризик, појасот игра клучна улога во намалување на сериозноста на повредите при сообраќајни несреќи, односно значително го намалува ризикот од тешки последици и смртност, што го прави една од најуспешните иницијативи за јавна безбедност.

Во доменот на енергијата, штедливите сијалици претставуваат уште еден одличен пример за намалување на штетите. Споредено со традиционалните сијалици, штедливите сијалици користат до 80% помалку енергија, со што директно влијаат на намалување на потрошувачката на струја и сметките за електрична енергија, а имаат и подолг век на траење. Покрај енергетската ефикасност, штедливите сијалици се и позаштитни за животната средина, бидејќи емитуваат помалку јаглероден диоксид во процесот на производство и употреба.


Сонцето има многубројни позитивни ефекти на човечкиот организам, како стимулирање производство нa витамин Д и ендорфин, го забрзува метаболизмот и циркулацијата. Меѓутоа, неговите УВA и УВБ-зраци можат да предизвикаат оштетувања на кожата, дерматолошки проблеми, па дури и сериозни болести, па затоа треба да се биде внимателен. Користењето на средства за заштита од сонце е еден од најефикасните начини за намалување на штетите предизвикани од ултравиолетовото зрачење. Ова не само што го намалува ризикот од изгореници, туку и од појава на сериозни кожни болести.

Помалку штетни алтернативи на цигари – нов правец во намалувањето на ризиците
Напредокот во науката, технологијата и регулативата го промени начинот на кој живееме. Современата технологија нуди можност за сите полнолетни пушачи да изберат алтернатива како уредите без чад кои работат на база на загревање на тутунот, наместо да го согоруваат, со што се елиминираат до 95 проценти од штетните материи кои се наоѓаат во чадот од тутунот. Сепак, треба да се забележи дека овие производи не се без ризик. Ослободуваат никотин, кој иако не е примарен причинител на болестите поврзани со пушењето, создава зависност.


Научно докажана алтернатива, која веќе четири години е достапна на нашиот пазар е уред базиран на технологија која го загрева тутунот, наместо да го согорува. Пред извесно време беше лансирана новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење. Овие уреди го претставуваат најновиот и најиновативниот додаток во растечкото портфолио на производи на компанијата Филип Морис наменети исклучиво за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Андреј Првоповиканиот

Светиот апостол Андреј Првоповиканиот Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар …