На Бора Ѓорѓевиќ не му се исполни големата желба, ова ќе ви донесе солзи наочите…
Фронтменот на групата „Рибља чорба“ веќе неколку дена е на болничко лекување во Љубљана поради опструктивна белодробна болест која брзо се влошувала.
Иако со години е познат како еден од најдобрите вокали, пејачот успеа да ја сочува приватноста од љубопитните очи, а најголемата желба на Бора Ѓорѓевиќ ќе ви го скрши срцето.
Имено, тој поминал преку 30 години со Драгана Ѓорѓевиќ, во која се заљубил во средно училиште. Таа му го даде синот Борис, додека во првиот брак ја добил ќерката Тамара, која Бора ја прифатил како своја.
Само еден месец по нивниот развод во 2007 година, Драгана се самоубила, а две години подоцна Бора се ожени со 26 години помладата Александра Савиќ. Сепак, љубовта не траеше.
Неколку години подоцна ја запознал Дубравка Милатовиќ, поради која дури се преселил во Љубљана. Иако љубовта ја крунисале со брак, Бора и Дубравка немаат деца.
Неостварената желба на Бора Ѓорѓевиќ била повторно да стане татко.
– Има работи за кои жалам, а пред се што немам повеќе деца – открил во една прилика за тамошните медиуми.
За потсетување, дека здравјето на Бора е сериозно нарушено потврдил и менаџерот Бане Обрадовиќ.
-Состојбата на Бора Ѓорѓевиќ е влошена, добива висок кислород и не може да се изврши никаква операција.
Колегите, пријателите, но и армијата фанови неуморно испраќаат пораки за поддршка со надеж дека Бора што побрзо ќе закрепне и ќе запее на големата сцена.
Фото: Колаж/архива