НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Во текот на оваа работна седмица, односно до четврток во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност.

И во Скопскиот регион до четврток времето ќе биде стабилно, суво, сончево и со појава на мала до умерена локална облачност. Во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.


Што се однесува до температурите, наутро ќе биде студено, но утринските температури ќе бележат тенденција на пораст и нема да биде толку многу студено како вчерашното и денешното утро, и температурите наутро од средината на оваа седмица на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за неколку степени над нулата. Под нулата ќе се спуштаат само на високите места и на планините.

Максималните дневни температури пак исто така ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.


Под влијание на нов влажен воздушен бран од запад, од петок попладне и навечер од западните предели од државава ќе започнуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во исто време, регионот ќе го зафаќа нов снежен бран, па така на повеќе места ќе има нови врнежи од снег, како и формирање на нова снежна покривка, на планините и позначителна.

Метео прогноза на Славчо Попоски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Григориј, епископ Охридски

Свети Григориј, епископ Охридски, е истакнат православен светец и духовник од средновековниот период, кој ја …