Неделен РЕсет – вежбаме со Елена Бубало

Знаеш дека вежбањето е добро за тебе, но никако да го направиш првиот чекор?!

Сега имаш можност да се мотивираш од Елена Бубало, еден од најдобрите фитнес инструктори кај нас. Едно неделно претпладне посвети го на себеси и направи РЕстарт со нова, добра навика!


Настанот ќе се одржи во недела на 30 јуни, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Настанот е дел од серија бесплатни настани и работилници кои Реплек ги реализира како дел од РЕсет – платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила. Елена Бубало, како истакнат фитнес тренер, на најдобар начин ги РЕфлектира вРЕедностите кои сакаме да ги промовираме со оваа платформа. Со својата енергија таа им помага на многумина да го РЕобликуваат својот дух и тело. Со својата страст и посветеност таа е еден од најдобрите претставници на Генерација-РЕ, луѓе кои се оттргнале од секојдневието кое го поткопува духот, направиле РЕсет, допреле ДОБРОСОСТОЈБА.


Настанот е отворен и за искусни и помалку искусни вежбачи кои се расположени добро да се испотат. Сѐ што треба да донесете со вас е позитивна енергија и простирка за вежбање, но доколку ја немате ќе ја обезбедиме ние.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …