Недела на детски филмови

Во Центарот за култура “Браќа Миладиновци” – Струга, почнувајќи од 15.04.2024 до 19.04.2024 ќе бидат проектирани филмови за деца. Влезот за проекциите е 100 денари, а детската публика ќе има исклучителна можност да ги проследи овие филмски хитови:

15.04.2024(понеделник) – Макс и бесната дружина – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот
16.04.2024(вторник) – Рафи – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот
17.04.2024(среда) – Рока го менува светот – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот
18.04.2024(четврток) – Смрдушковци синхронизиран на македонски – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот
19.04.2024(петок) – Смрдушковци синхронизиран на албански јазик – една проекција во 13:00 часот, втората во 18:00 часот


„МАКС И БЕСНАТА ДРУЖИНА“ (Max & The Wild Bunch)

Вашиот нов дом во вистински замок – можете ли да замислиш нешто покул? Деветгодишниот Макс може. Затоа што замокот Геролдсек е дом за стари лица полн со збрчкани баби и дедовци. Но, тој сега живее во замокот за мајка му, која е медицинска сестра и самохран родител, да може да работи ноќни смени. Тој е единствено дете меѓу сите овие стари…Но, Макс наскоро се спријателува со дел од постарите жители на домот: актерката Вера, фудбалскиот тренер Хорст и истражувачот Килијан, заедно попознати како Бесната дружина. Макс исто така забележува дека нешто чудно се случува во старите ѕидови на домот. Изгледа дека мистериозен крадец краде скапоцености од собите на жителите среде бел ден. Меѓу осомничените е и мајката на Макс, на која и се заканува отказ. Макс ги здружува силите со Вера, Хорст и Килијан за да го изведе вистинскиот крадец пред лицето на правдата.
Година: 2020
Режија: Винфрид Елснер
Времетраење: 87 мин
Земја: Германија
Жанр: Авантура, семеен филм
Дистрибутер: Катавеј Дооел
Возрасна Категорија: 8+


РАФИ (Rettet Raffi)

Осумгодишниот Семи и неговиот хрчак Рафи се неразделни. Хрчакот на Семи е нешто посебно. Имено, тој знае да игра фудбал и има подобар мирис од кое било куче-трагач. Враќајќи се од ветеринар ќе биде украдена колата на мама заедно со кафезот и хрчакот. За Семи е јасно: нема да го остави на цедило својот најдобар пријател. Носејќи брзо одлука и без да им каже на мајка си Хелене или на постарата сестра Моли, најпосле самиот тргнува повторно да си го најде својот мал пријател во големата метропола Хамбург. Наскоро се воспоставува дека Рафи е киднапиран од бескруполозен злосторник. Започнува турбулентна
авантура.
Година: 2015
Режија: Аренд Ахте
Времетраење: 97 мин
Земја: Германија
Жанр: Авантура, семеен
Категорија: Втора категорија, 8+


„РОКА ГО МЕНУВА СВЕТОТ“ (Rocca Changes the World)

Рока има 11 години и живее прилично уникатен живот. Додека нејзиниот татко гледа над неа како астронаут од вселената, Рока живее сама со нејзината верверица и за прв пат во нејзиниот живот оди во нормално училиште.
Година: 2019
Режија: Катја Бенрат
Времетраење: 101 мин
Земја: Германија
Жанр: Авантура, комедија драма
Дистрибутер: Катавеј Дооел
Возрасна Категорија: 8+

„СМРДУШКОВЦИ“ – Добредојдовте во Смрдвил (синхронизиран)
Во потрага по својот нов дом, Смрдушковците пристигнуваат во прекрасното, мало и мирно село Смрдвил. Но, за жал Смрдвил има огромен проблем: во близина има локална депонија која предизвикува секакви проблеми и го уништува прекрасниот Смрдвил. Нешто мора да се превземе! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдливците на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдливците, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдливчињата сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.
режија: Тоби Генкел, Јенс Мулер
улоги: Бен Јанг, Лили Хелд, Сузан Такенберг, Тони Кларк
премиера: 18.01.2024
времетраење: 85′
земја: Германија, Белгија
жанр: Анимиран, авантура, семеен

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кинотека во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ ќе го реставира филмот „МИС СТОН“

Кинотека ова година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на …