Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.), најавуваат од УХМР.
Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во среда ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по одделни котлини.

Не заборавајте чадор: Денеска променливо облачно и дождливо време
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.