„Не сакала развод“: Детали за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек – „Нејзе и беше многу тешко бидејќи реши да се повлече“

Токму кога сите мислеа дека љубовта победи, тие ставија точка на бракот…
Џенифер Лопез изгледа подготвена да продолжи понатаму откако поднесе барање за развод од Бен Афлек. Извор близок до актерката (55) за People вели дека актерката не сакала нејзиниот брак со Бен да заврши со развод, но дека немала друг избор.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


-Неверојатно и беше тешко што Бен реши да се повлече од нивниот брак и да продолжи со животот оставајќи ја зад себе. Таа не сакаше развод. Сакаше да ги сфати работите. Тие се сакаат. Џенифер не е тип што едноставно се откажува. За неа беше речиси мачење да чека. И откако поднесе барање за развод, изгледа олеснето. Нејзиното семејство и пријателите се согласуваат дека тоа била вистинската одлука. Опкружена е со многу љубов и поддршка. Ќе биде добро. „Таа е силна и секогаш излегува на врвот“, изјавил извор за People.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Лопез поднела барање за развод од Афлек (52) во Врховниот суд на округот Лос Анџелес без присуство на адвокат.
Одлуката на актерката и пејачка да поднесе барање за развод без адвокат е потег кој е и невообичаен и укажува дека таа „само сакала да го направи ова“ и да продолжи понатаму, изјавил правен експерт за магазинот.
Лопез и Афлек ја обновија својата романса во април 2021 година, 17 години откако раскинаа на почетокот на 2004 година.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест тивки знаци дека вашето тело може да биде во голема неволја

Вашето тело дури знае и како да сигнализира дека нешто не е во ред со …