Не пропуштајте ја можноста да ја гледате најпопуларната комедија Хотел 88 на сцената на Националната Опера и Балет на 09.02.2025

Не пропуштајте ја можноста да ја гледате најпопуларната комедија Хотел 88 на сцената на Националната Опера и Балет на 09 февруари 2025 година во 19 часот.

Од својата премиера во 2017 година до денес, претставата Хотел 88 се здоби со статус на култна претстава не само во Белград и Србија туку и надвор од границите на државата.


Досега претставата е изведена над 500 пати, а ја виделе повеќе од 100.000 луѓе. Во претставата играат едни од најдобрите актерки и актери од нивните генерации, Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ.

Дејството на претставата се одвива во луксузен хотел, каде што младата брачна двојка Виктор и Ана доаѓа да помине романтичен меден месец. Сандра и Марко, уште еден брачен пар, исто така доаѓаат во истиот хотел, со истата цел. Сето ова би било многу убаво и романтично доколку Викторовата Ана и Сандриниот Марко претходно не биле во многу романтична врска и бурен брак. Во текот на една ноќ, животите на овие четворица луѓе ќе доживеат страсни, но и урнебесни промени.


Претставата „Хотел 88″, првично беше закажана за 30 ноември 2024 година, поради болест на еден од глумците истата е презакажана за 9 февруари.

Купените билети остануваат важечки за новиот термин. Доколку не можете да присуствувате, купените билети можете да ги вратите веднаш, односно најдоцна во рок од 5 дена по објавување на новиот термин, се вели во објавата на ЈЕС Продукција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Се викам храброст“ – ново енциклопедиско издание посветено на 50 исклучителни жени од нашата земја

Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, …