Не подгревајте спанаќ – се ослободуваат канцерогени материи

Генерално, спанаќот е здрав, но со него треба внимателно да се постапува бидејќи нитратите за време на готвењето се претвораат во нитрити, а тие пак се опасни бидејќи се спојуваат со амините и создаваат канцерогени нитрозоамини.
Кога станува збор за здрави продукти, спанаќот е без сомнение еден од најздравите, но треба да се води грижа за тоа дека со неговото подгревање се ослободуваат некои штетни материи, потсетуваат германските научници.
Спанаќот спаѓа во групата листест зеленчук кој содржи релативно висок процент на нитрати, кои ги апсорбира од земјата преку коренот.

„Кога спанаќот ќе отстои, а особено ако станува збор за термички обработен продукт, количеството на нитрати се зголемува, а тие во варениот спанаќ, во процесот на варење дури се претвораат и во нитрити. Тие се опасни бидејќи во оргнизмот се спојуваат со амините и создаваат високо канцерогени споеви кои ги нарекувме нитрозоамини“ објаснила нутриционистката и научничка Дагмар вон Крем.
„Доколку само накусо го подгреете спанаќот, непосредно пред конзумирање, не мора да се грижите“ рекла вон Крем, предупредувајќи дека тоа не се однесува на сосема малечките деца кај кои во најекстремни случаи како последица може да дојде до гушење.


„Остатоците од варениот спанаќ не смеат да се чуваат на собна температура. Веднаш треба да се префрлат во фрижидер. Непосредно пред конзумирање само накусо загрејте ги“ рекла нутриионистката. „Всушност, најдобро е да се подготви онолку спанаќ колку што може да се изеде за еден оброк“.

Спанаќот може да се јаде и сиров, како салата. Богат е со витамините , Ц и бетакротин како и фолна киселина.
Овој зеленчук долго се сметал за најдобар извор на минералот железо, што е неточно бидејќи таму го нема во некои големи количества. Покрај то, тој вид железо го нарекуваат нехеминско железо (за разлика од хеминското кого го има во хемоглобинот), облик кој бавно и споро се впива во цревата. Значи,не би требало да очекуваме голема корист во лекувањето анемија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЧЕСТИ ВРНЕЖИ, ЛОКАЛНО ПОРОЈНИ И ПРОСЛЕДЕНИ СО ГРМЕЖИ: Оваа седмица и понатаму со потпросечни температури за септември

Метео прогноза на Славчо Попоски: Циклонската активност која не зафати уште од изминатата седмица, продолжува …