Не ги игнорирајте – Здравите масти се неопходни и при слабеење, овие симптоми укажуваат дека треба да консумирате повеќе од нив

За да може телото да функционира правилно, на вашето тело му се потребни здрави масти и во процес на слабеење. Затоа, важно е да го препознаете недостатокот на овие хранливи материи.
Здрави масти може да се најдат во маслиновото масло, авокадото, рибата, јајцата и јаткастите плодови, а нивниот недостаток може да го забележите ако, на пример, често сте уморни или имате лошо помнење.

Глад
Ако често сте гладни или барем се чувствувате гладни дури и по обилен оброк, тоа е знак дека на телото му треба повеќе време за метаболизирање на мастите отколку јаглехидратите.


Кожа
Без сјај,се перута, ронлива и главно е сува кожа може да биде еден од знаците дека вашата исхрана нема здрави масти. Исто така, може да изгледате старо за вашата возраст. Здравите масти се неопходни за здрава кожа, тие помагаат во апсорпцијата на витамините растворливи во масти од храната, кои и помагаат на кожата да ја задржи влажноста.

Немате редовни менструации
На телото му се потребни здрави масти за регулирање на хормоните. Недостатокот на маснотии може да предизвика нарушување на менструалниот циклус. Ако немате редовни менструации, причината може да биде недостаток на маснотии. Секако, ова може да биде уште еден здравствен проблем, па во тој случај подобро е да посетите гинеколог.


Анксиозност
Причината за анксиозноста може да биде нешто сосема друго, но тоа може да биде и знак за недостаток на есенцијалните масни киселини омега-3 и омега-6. Може да се најдат во рибата, ленот и чиа семето. Ако анксиозноста се појави преку ноќ, променете ја исхраната. Почесто консумирајте масна риба како лосос, туна или сардина.


Замор
Уморот по 20 минути физичка активност исто така може да биде знак дека не внесувате доволно масти. За време на физичката активност, телото прво користи јаглехидрати, но за понатамошно делување се потпира на калориите од мастите. Ако тоа не е доволно, набргу сте исцрпени по започнувањето на физичката активност.

Лоша меморија
Традиционалната медитеранска исхрана, која вклучува масна храна како маслиново масло, јаткасти плодови, риба и слично, ја подобрува меморијата. Ако вашето помнење е лошо во последно време, тоа може да биде знак дека треба да внесувате повеќе масти во исхраната.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на …