Наврнаа дури 53 литри дожд во Македонија, на Скијачките центри има речиси половина метар снег

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дебар, дури 53 литри, додека снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 сантиметри во Маврово, 7 сантиметри во Крушево.

Исто така до 7 часот најниска температура од градовите е измерена во Крушево, и тоа -1 степен, а највисока во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 7 степени.


На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку до крајот на денот, особено во западните предели ќе има врнежи од дожд на ниските, а на повисоките места и на планините ќе врне снег, со што поради дополнителното заладување, снежната граница ќе се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што привејување на снег е можно и во повисоките населени места.


Попладне ќе засилува ветер од северен правец.


Метео прогноза на Славчо Попоски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 6 години без нашиот истакнат романописец и поет Методија Фотев

Методија Фотев е роден во с. Љубојно, Ресенско на 14 март 1932 година. Тој беше …