Среќата не се мери, но научниците некако успеаја да не убедат!
Врз основа на експерименти и истражувања, тие откриле некои мали нешта за кои не можете да замислите дека можат да бидат знаци на среќна личност.
Ви пренесуваме 6. знаци кои можат да покажат дека сте посреќни отколку што навистина мислите.
1. Секогаш доцните
Луѓето кои секогаш доцнат изгледаат посреќни, па дури и живеат подолго. Оние кои доцнат обично се попозитивни за управувањето со времето. Тие мислат дека можат да направат илјада работи за краток временски период, но всушност доцнат. Помирни се и оние кои доцнат и не паничат во „забрзани“ ситуации.
2. Рано се будите
Ранобудниците се покажаа најсреќни. Истражувачите ги споредиле ранобудниците и „ноќните птици“ и откриле дека вторите се помалку задоволни од својот живот и имаат повеќе ментални болести.
Оние кои се будат рано најчесто имаат генетска предиспозиција која ја потиснува депресијата и хроничните болести.
3. Имате сестра
Сестрите поттикнуваат поотворена комуникација во семејствата, што води до подобро емоционално изразување. Главната причина е веројатно тоа што на девојчињата им е полесно да зборуваат за емоциите отколку за момчињата.
Освен тоа, сестрите ги подобруваат вашите социјални вештини, а момчињата подобро комуницираат со девојчињата.