Најновото истражување објавено во август 2024 година дава научно објаснување дека стареењето не е постепен процес и често се случува во „рафали“.
Некои од симптомите се појавата на брчки, особено по 40-тата година од животот.
Студијата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд открила дека најмногу старееме на возраст од 44 до 60 години и токму тогаш овие промени можат да се видат на нашето лице.
– Има периоди во животот кога се случуваат драстични промени – изјавил генетичарот Снајдер.
Со анализа на 135.000 молекули и микроби кај 108 волонтери на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизам.
Во гореспоменатите студии, биле анализирани различни типови на молекули, вклучувајќи РНК, протеини, липиди и микробиоми на цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човечкото тело во текот на два периоди од животот има значителна промена во количината на различни видови на молекули.
Една нова студија на австралискиот универзитет „Едит Кован“ тврди дека ентропијата – бавниот и неизбежен процес на стареење – може да се забави со чести патувања. На нив запознаваме нови луѓе, нови животни искуства, а сето тоа ни помага во начинот и брзината на стареењето.
Фото: Архива