Научници тврдат: Лек за артритис ги спасува најтешките пациенти со корона

Истражувачите откриле дека лекот за ревматоиден артритис, за кој претходно се утврдило дека може да биде спасоносен за тешки пациенти со корона, може да им помогне и на оние кои примаат кислород поради коронарната инфекција.
Ова значително би го намалило притисокот врз здравствениот систем, пишува Гардијан.


Една студија минатиот месец покажа дека антиинфламаторниот лек „тоцилизумаб“ го намалува ризикот од смрт кај пациенти со корона на интензивна нега и го скратува времето што го поминувале пациентите во такви единици. Сега, голема студија го потврди тоа сознание, а исто така откриле дека овој лек може да помогне во поширок круг на пациенти со корона.
„Врз основа на податоците, проценуваме дека приближно половина од примените пациенти би имале корист од овој лек“, рекол професорот Питер Хорби од Универзитетот во Оксфорд.



„Сметаме дека тоа може да се случи сега“, додал тој.
Една нова студија покажала дека тоцилизумаб го намалува ризикот од смрт за околу 14. проценти во споредба со оние кои примале конвенционална терапија. Повеќето од пациентите во истражувањето го примиле овој лек заедно со дексаметазон, кој веќе се користи во терапијата на ковид. На крајот, научниците беа особено задоволни што овие два лека заедно давале одлични резултати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРОБАЈТЕ И ВИЕ – Страдате од несоница? Ова се трикови кои ќе ви помогнат побрзо да заспиете

Несоницата е проблем кој погодува многу луѓе ширум светот. Долгорочните проблеми со спиењето можат негативно …