Како дел од истражувањето, научниците од Швајцарија ги докажале корисните својства на куркумата.
Овој зачин е познат уште од античко време. Поточно, првпат се споменува на територијата на денешна Индија пред повеќе од 3000 години.
Докажано е дека куркумата не само што делува против мигрена и ефикасно се бори против болестите на мускулно-скелетниот систем, црниот дроб и срцето, туку и го отстранува лошиот холестерол од човечкото тело.
Студиите биле спроведени на Универзитетот Евха во Женева. Различни експерименти покажале дека пигментот кој и дава светла боја на куркумата помага во борбата против ЛДЛ холестеролот.
Се покажало дека концентрацијата на липопротеини и триглицериди, кои предизвикуваат појава на опасни холестеролски плаки во крвните садови, се намалуваат за 55% и 28%, соодветно, под влијание на куркуминот.
Како резултат на тоа, процентот на вкупниот холестерол ќе се намали за 33%. Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание National Library of Medicine.
Фото: Архива