Националниот археолошки музеј со предавања и изложба го започнува одбележувањето на денот на музеите


Меѓународниот ден на музеите ќе биде одбележан со предавања што го потенцираат истражувачкиот потенцијал на музеите – како живи институции што не само што ја чуваат историјата, туку активно ја преиспитуваат.

Првото предавање ни носи две моќни теми:


Дејвид Џордан (Liverpool John Moores University) и Џим Глејнстер (North West Heritage): „Detecting and Protecting: Developing Sub-surface Detection Methods to Protect the Past“.
Геофизиката и далечинското набљудување стануваат клучни сојузници на музеите – не само за откривање археолошки остатоци, туку и за нивна заштита. Ќе слушнеме како овие иновативни методи отвораат нови перспективи за зачувување на културното наследство. Предавањето започнува во 10:00 часот.

Во 11:15 часот, Националниот археолошки музеј го најавува предавањето на: д-р Александра Папазовска кустос советник за железно време – „Нови перспективи и апсолутни дати кај праисториските погребувања во некрополата Мали Дол“.


Ова предавање нуди нови научни согледувања за значајната некропола кај Мали Дол, преку анализи на 76 истражени гробови и новосоздадена хронологија базирана на радиокарбонски дати. Резултатите отвораат можности за ново разбирање на погребната практика, социјалната структура и културниот идентитет на оваа заедница.

Предавањето е проследено со отварање на камерната изложба: „Праисториски погребувања – нови пристапи и перспективи“ (12:30 ч.). Изложбата прикажува оригинални археолошки наоди од Мали Дол кои директно кореспондираат со темите на предавањето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МUSE имаше фантастичен настап на ПИНКПОП 2025

Леендарниот бритиш бенд МUSE имаше фантастичен настап на ПИНКПОП 2025 викендот што помнина. Отворија со …