Националната опера и балет со музичко-сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ во БиХ

Музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ од Карл Орф, гостување на Националната опера и балет од Република Северна Македонија,ќе се одржи на 18. октомври 2019 година во „Мирза Делибашиќ“ во Скендерија.
На прес конференцијата присуствуваа организаторите на Фондацијата за култура и образование „Амадеус“,  маестро Емир Нухановиќ и директорот на Националната опера и балет од Скопје м-р Васо Ристов. Најавено беше музичко-сценски спектакл со „Кармина Бурана“ на Карл Орф во кој ќе настапат повеќе од 200 уметници, оркестар, балет, оперски и балетски солисти од Република Северна Македонија, БиХ, Турција, Португалија, Русија и Србија. За реализација на овој проект учествува  врвна уметничка екипа како што се Миодраг Табачки од Србија, Кан Арслан и Гизем Бетил од Турција, Елена Дончева и Дејан Прошев од Република Северна Македонија.
Покрај гостите ќе настапат и уметници од БиХ, детски хор  под диригентската палка на маестро Емир Нухановиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …