Национален џез оркестар го најавува почетокот на новата концертна сезона со еден задолжителен настан – Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones!
Концертот, ќе се одржи во Македонската Филхармонија, вечерва, со почеток од 20 часот и го покрива значајниот биг-бенд опус на сестраниот музички магнат Квинси Џонс, почнувајќи од неговиот прв албум издаден во 1959 година, ексклузивни неиздадени аранжмани; негови аранжмани за Френк Синатра и оркестарот на Каунт Бејси, како и биг-бенд аранжмани на композиции од подоцнежниот поп период кога Квинси доминира како аранжер и продуцент. Во овој дел од концертот како солисти ќе ги видиме:
Калина Велковска
Светлана Јовановска
Ана Петановска
Дејан Бобиќ Дексо
Сашо Гигов Гиш
Џон Илија Апелгрен
Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.
За плакатот е искористена графиката “Шарен џезер” на академскиот сликар Сергеј Андреевски од циклусот “Џезери”, прва во низата дела кои ќе бидат употребени и за останатите плакати во текот на оваа година.
Quintessence by Quincy Jones е уште една џез лектира која не смее да остане непрочитана!
Се гледаме!