Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, организира настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик. Настанот ќе се одржи на 4ти ноември 2024 со почеток од 18:30 часот во Едукативниот културен центар Laboratorium.
Агенда
18:30– 19:00 Пристигнување и регистрација
19:00 – 19:20 Воведни обраќања
19:20 – 20:10 Панел дискусија на ромски јазик организирана од РКМЦ Бариканипе
20:10 – 20:30 Креативен перформанс организиран од НВО Романо Ило
20:30– 21:00 Коктел
На настанот ќе биде изложена библиотека со книги на ромски јазик, а ќе имате и можност да добиете книги од нашите соработници, се вели во објавата од организаторот на овој настан.