Нашиот познат актер Дејан Лилиќ денес го прославува својот 49-ти роденден

Дејан Лилиќ е роден на 26 октомври 1974 година во Скопје. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1997). Од 1998 година работи во Драмски театар Скопје. Уметнички раководител на ДТС (2007-2010). Директор на Македонскиот народен театар (2011-2015).

Има остварено голем број главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и во проекти од други театарски иснтитуции и продукциски куќи. Покрај глумата, вклучен е и во општествениот живот како водител на разни јавни настани.


Настапувал во многу театрски претстави: Ојдип тиранинот (Ојдипус Тиранос, 1997); Кристофер Махон (Заводникот од западниот свет, 1997); Бил (Тхе ловер, 1998); Креонт (Антигона во Техноленд, 1998); Иван Соловјов или Славеј (Земјомерот, 2000): Стефан (Диво месо, 2000); Шереф (Ферхад и Ширин, 2000); Жан Дестив (Јованка Орлеанска, 2000); Непознатиот (Кандид во земјата на чудата, 2000); Иван Соловјов – Соловеј (Земјомерот, 2000); Алексндар Македонски (Macedoan-Одисеја 2001, 2001); Војдан (Тетовирани души, 2001); Царот (Како се станува цар, 2003); Човекот со палка и Лени (Марисол, 2004); Михајло (Лет во место, 2005); Падрајк (Поручникот од Инишмор, 2005); Иљо (Демонот од Дебар Маало, 2006); Мичо (Комшилук наопаку, 2007); Томас Мор (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Александар (Александар, 2009); Хамлет (Хамлет, 2010); Леоне (Генетика на кучињата, 2012).

Филмографија: Џипси меџик (1996); Освета (1998); Боли ли? (2006); Американецот (2006); Скопје ремикс (2010); Измена (2012).


Добитник е на голем број награди и признанија меѓу кои: Награда за најдобар млад актер на ревијата „Екран“ за улогите одиграни во 1997 година (1998); Награда на ревијата „Екран“ за најдобра епизодна улога, за улогата на Бил во претставата Тхе ловер (1999); Награда за најдобро актерско остварување за улогата Стефан во претставата „Диво месо“ и за улогата на Непознатиот во претставата „Кандид во земјата на чудата“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2001); Златна маска од весникот „Вечер“ за најдобро актерско остварување на Охридско лето за улогата на Александар Македонски во претставата „Macedoan – Одисеја 2001“ (2001); Награда за најдобро актерско остварување за улогите Човекот со палка и Лени, во претставата„ Марисол“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2004); Награда за најдобра машка улога за улогата на Александар во претставата „Александар“ на Интернационалниот фестивал на античка драма во Стоби (2009); Награда за најдобра машка улога за улогата Хамлет во претставата „Хамлет“ на Интернационалниот фестивал за античка драма во Стоби (2010); Награда „13 Ноември“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на градот (Скопје, 2010); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2011); Награда за најдобра машка епизодна улога на за улогата на Леоне во „Генетика на кучињата“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2012); Наградата за најдобар актер за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“, на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ ( Подгорица, Црна Гора, 2014) и други.

Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика да му го честита роденденот на Дејан Лилиќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 24.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Работата оди во насока која вам ви одговара, само треба да бидете трпеливи …