Нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова пред неколку дена потпиша договор со еден од најдобрите саудискиот фудбалски клубови Ал Шабаб.
Со извонредна кариера зад себе, играјќи во Потсдам (Германија), Розенгард (Шведска), ПСЖ (Франција), Барселона (Шпанија) и Леванте (Шпанија), сигурни сме дека Наташа Андонова со своето искуство, посветеност и квалитет ќе биде одличен промотор на женскиот фудбал во Саудиска Арабија, изјавија од smcsportmanagement.
„Навистина сум почестена и возбудена да објавам дека потпишав договор со Ал Шабаб. Привилегија е да се приклучиш на еден од најценетите фудбалски клубови во Саудиска Арабија. Оваа можност претставува значителна пресвртница во мојата кариера. Сакам да ја изразам мојата искрена благодарност до сите во Ал Шабаб за довербата и вербата во моите способности. Посветена сум да дадам се од себе на теренот и да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели. Со нетрпение очекувам да работам со моите нови соиграчи и да учам од тренерскиот кадар. Ви благодариме за оваа прекрасна можност“, напиша Андонова на својот фејсбук профил.
Редакцијата на Екран и честита на Наташа за направениот трансфер и и посакува успешна кариера во Саудиска Арабија.