Народниот театар при НУЦК „Антон Панов“- Струмица гостува во Гевгелија со комедијата „Петок 13“


Вечерва во Народниот театар во Гевгелија ќе гостува ансамблот од Народниот театар при НУЦК „Антон Панов“- Струмица со комедијата „Петок 13“. Изведбата во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ ќе започне во 20:00 часот, а влезот е слободен.

„Петок 13-ти“ е урнебесна комедија која во прв план се занимава со прашањето на – малерот. Целта на претставата е да понуди приказна во која голем дел од популацијата ќе се препознае или ќе го препознае однесувањето на своите најблиски. Освен намерата да ги насмее гледачите до солзи, претставата треба да предизвика несигурност и мала доза на нелагодност кај публиката и тоа преку разбирањето на сопствените навики и однесувања – како тие изгледаат погледнати од страна.


Сите ликови во претставата се до некој степен малерозни. Некои од нив веруваат во повисоки сили и влијанија, а некои не веруваат. Сепак, се чини дека нивната верба или неверба нема никакво влијание врз малерите кои им се случуваат. Тоа ги прави ранливи и непредвидливи…

Сценариото е на познатиот современ француски комедиограф Жан Пјер Мартинез, режијата е на Никола Ристов, а во претставата играат: Стојан Велков- Трн, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова и Ванчо Василев.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …