Возбудливи вести од сцената на НУ Народен театар Битола. Театарот започна со пробите за претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“ според текстот на Владо Малески, првата претстава одиграна на македонски јазик (битолски говор) во слободна Битола на 14.11.1944 година, која ќе биде дел од големата прослава на 80-годишнината на Народниот театар – Битола.
Целата екипа е веќе на сцена, подготвена да ви го донесе ова ремек-дело кое ја доловува душата на македонската култура и историја. Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од овој незаборавен театарски момент, се вели во објавата од НУ Народен театар Битола.