Најголем празник за една театарска институција е почетокот со работа на нов театарски проект. Како што ветивме минатата година, работата во 2025 година ја започнуваме со праизведба на македонскиот текст “Жиголо” од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски, се вели во објавата на Битолскиот Народен Театар.
Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски а музиката на Марјан Неќак, драматург е Оливера Павловиќ. Во претставата играат Марјан Георгиевски, Соња Михајлова, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илиевски и Никола Пројчевски.
Претставата ќе биде реализирана од сопствени средства а премиерата е закажана за 01 март 2025 година.