НАЈСТАРОТО ЖЕНСКО ИМЕ ПОВТОРНО СТАНУВА ПОПУЛАРНО: Симбол е на вера и надеж


Името Ева е едно од најстарите и најпознатите женски имиња во светот.
Ова библиско име има силно значење – на хебрејски значи „дар на живот“, а во христијанството е симбол на живот, среќа и почеток на човештвото.
Според Библијата, Ева била првата жена создадена од Бог, сопругата на Адам и предок на сите луѓе. Легендата вели дека е создадена од реброто на Адам, што симболично зборува за врската, љубовта и единството на мажот и жената.

Денес, името Ева ја задржало својата едноставност, но и својата длабока симболика. Кратко е, лесно се изговара на многу јазици и затоа е едно од најчестите меѓународни женски имиња. Во последните неколку години, зголемување на популарноста на ова име е забележано и во Македонија.


Родителите сè повеќе избираат кратки, нежни и старомодни имиња како што се Ева, Ана, Сара, Марија… Покрај модерниот звук, името Ева носи и силна духовна порака – тоа е вечен симбол на живот, вера и надеж.

Без оглед на трендовите, името Ева останува безвременско, женствено и елегантно, совршен избор за секоја мала принцеза.


Фото: Pixabay

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Горда на себе – Ѕвездата на OnlyFans објавила колку заработила за две години: Милиони на сметката

Ѕвездата на OnlyFans, Софи Рејн, која тврди дека е невина, открила дека заработила повеќе од …