Најскап филмски предмет: Чевлите од „Волшебникот од Оз“ продадени за 28 милиони долари

„Волшебните чевли“ од филмот „Волшебникот од Оз“ се продадени за 28 милиони долари, со што станаа најскапиот филмски предмет продаден на аукција.
Овие чевли се еден од четирите преостанати пара од филмот „Волшебникот од Оз“ од 1939 година, кои ги носеше Џуди Гардаланд, а кои беа украдени од музејот каде што се чуваа.
Првата понуда за еден пар црвени чевли беше 1,55 милиони долари, а првично беше проценето дека ќе се продадат за повеќе од 3 милиони долари. Heritage Auctions соопшти дека чевлите на аукцијата ја надминале проценетата сума во првите секунди и дека ниту еден пар чевли не се приближил до рекордната цена.


Еден пар чевли бил продаден во 2000 година за 666.000 долари, а Стивен Спилберг и Леонардо ди Каприо купиле уште еден пар за два милиони долари во 2000 година и го донирале на Музејот на Академијата за филмски уметности и науки во Лос Анџелес.
Чевлите не беа единствениот предмет од филмот „Волшебникот од Оз“ што се продаваше вчера. Имено, капата на Злобната вештерка од филмот е продадена за 2,9 милиони долари.
На вредноста на црвените чевли влијаело и тоа што во 2005 година биле украдени од музејот „Џуди Гардаланд“ во Гранд Рапидс, Минесота, откако Тери Џон Мартин ја искршил витрината со чекан и ги однел. Чевлите беа пронајдени дури 13 години подоцна кога ФБИ добил дојава.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …