Не пропуштајте ја уникатната можност да се запознаете со Галеб Никачевиќ и неговиот тим од Агеласт – најпознатиот поткаст во регионот, кој за прв пат ќе настапи во Скопје!
На 31 мај, од 20:30 часот, Public Room ќе биде место за искрени и интересни разговори, исполнети со креативни идеи и свежи погледи на актуелни теми.
Ова не е шоу. Ова е момент. Момент во кој ќе слушнете што значи да се креира подкаст со љубов и визија, но сепак во балкански услови и со многу предизвици. Целата екипа зад најпознатиот подкаст на Балканот — Агеласт — доаѓа во Скопје! Ќе зборуваат искрено: за падови, избори, задкулисни приказни, и медиумска храброст. Во разговор од приближно еден час и половина, во опуштена атмосфера, ќе добиете увид во искуствата на тимот што започна скромно – од дневна соба, со минимум пари, но со огромна посветеност и љубов кон вистинското раскажување.
Не пропуштајте ја оваа можност да го запознаете омилениот поткастер во живо!
Купете ја вашата карта преку веб-страната anekta.mk/event/agelast-vo-skop%D1%98e/