НАЈМАЛАТА ВНУКА НА КРАЛИЦАТА НА ПОСЕБЕН НАЧИН СЕ ЗБОГУВАЛА ОД СВОЈАТА БАБА: Елизабета Втора токму неа тајно ја обожавала

Смртта на кралицата Елизабета тешко ја погодила
Најмладата внука на кралицата Елизабета Втора, Лејди Луиз Виндзор, тешко ја погоди смртта на нејзината баба. Таа има само 18. години, а ќерка е на принцот Едвард и принцезата Софија од Весекс. Таа го придружуваше своето семејство на приватната црковна служба што се одржа во чест на британскиот монарх со најдолг стаж, кој почина.
Имено, и во овие моменти се труди да изгледа префинето и елегантно. Имала посебен однос со баба и која ја обожавала. Кралицата имала слабост кон неа, а и двете уживале во времето минато заедно.

This image has an empty alt attribute; its file name is ledi-luiz-1.jpg


Лејди Луиз во еден момент се наведнала над цвеќињата што луѓето ги оставиле околу палатата во чест на кралицата и останала долго време да гледа во една точка. Нејзините очи покажале тага и разочарување од оваа огромна загуба.

This image has an empty alt attribute; its file name is ledi-luiz-2.jpg


За оваа пригода 18-годишната Луиз облекла фустан од новата колекција на Долче Габана, кој чинел повеќе од 1.700 евра. Црниот миди фустан до колена се одликувал со пуф ракави и внатрешност со леопард принт.
Тинејџерката пред само неколку месеци уживаше во времето со баба и помагајќи и за време на прославата на платинестиот јубилеј. Кога кралицата излезе на балконот за да ја поздрави публиката, Луиз стоеше до неа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Екатерина

Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ? живееше со својата мајка во Александрија. …