Екипата вели дека вежбањето на неа е многу едноставно, а резултатите се неверојатни
Екипа ентузијасти открила поради што е толку добар, иако повеќето луѓе воопшто не ги прават.
Rowing machine, справа за веслање или веслачки ергометар е справа која веројатно ја гледате во салите за вежбање, но или никогаш не сте ја пробале или на неа главно не гледате никого.
Меѓутоа, таа справа има вистински поклоници, но никогаш не станала турбо популарна и покрај резултатите кои ги донесува. Фитнес ентузијастите откриле колкава моќ има таа справа на целото тело. Екипата вели дека вежбањето на неа е многу едноставно, а резултатите се неверојатни.
Тие откриле по што ергометарот е толку совршен справа за вежбање:
Вежба за целото тело
Потегот на веслање користи 86 отсто мускули во нашето тело што е доста тешко да се досегне со други вежби. Освен тоа, веслањето е кардио тренинг кој согорува многу калории и води кон подобро здравје на срцето.
Многу е корисен
Екипата споменала дека астронаутите на НАСА тренираат на ергометар бидејќи е многу корисен во кус рок. На пример, триесет минути веслање има иста физичка корист како час и пол интензивно возење велосипед. „Кога немате многу време заземете го ергометарот“ велат тие.
Сестран
Вежбањето на таа справа ја копира природната механика на движења на други вежби – долниот дел од телото се движи, константно правите клекнувања, додека со горниот дел на телото ги повлекувате и ги јакнете сите поголеми мускули.
Сигурен
Со веслањето шансите од повреди се многу малечки бидејќи клизите и помалку ги оптоварувате зглобовите и коските.