„ГРИЦКАЊЕТО“ доцна навечер е навика за многу луѓе, но во тие доцни часови луѓето најчесто избираат нездрава храна која го зголемува нивото на шеќер во крвта. За да не се случи тоа и за да можете да продолжите да „грицкате“ навечер, диететичарката Ерин Палински-Вејд ја издвоила најдобрата намирница.
„Кога станува збор за рамнотежата на шеќерот во крвта, важно е да се разгледаат и хранливите состојки во храната и порциите. Идеалната доцна закуска нема да ви го зголеми шеќерот во крвта, но ќе помогне да се стабилизираат шеќерот во крвта и апетитот во текот на ноќта за да се спречи скок и го намалува нивото на шеќер“, истакнува таа.
Диететичарката ги издвоила бадемите како намирница, која најдобро е да се јаде навечер, а која ќе помогне да се задоволи гладот и да се регулира нивото на шеќер во крвта и објаснила три причини зошто тие се најдобриот избор за вечерна ужина.
Тие се богати со здрави масти и протеини
Бадемите обезбедуваат одлична комбинација на хранливи материи кои можат да го одржат нивото на шеќер во крвта стабилно. „Растителните протеини во бадемите помагаат во забавување на варењето и обезбедуваат континуирано ослободување на енергија во текот на ноќта, одржувајќи го нивото на шеќер во крвта во идеален опсег. Здравите мононезаситени масти во бадемите помагаат во бавното празнење на желудникот за постабилен шеќер во крвта и апетит“, објаснува Палински – Вејд.
Бадемите се богати со растителни влакна
Како што известува Eating Well, бадемите се јаткасти плодови богати со влакна; тие содржат околу 3,5 грама по порција.
„Влакната во бадемите дополнително ја успоруваат апсорпцијата на јаглехидратите и шеќерот, спречувајќи брзи флуктуации на нивото на гликоза во крвта“, истакнува диететичарот, додавајќи дека „побавното варење помага да се спречат нагли скокови на шеќерот во крвта, што овозможува постабилно ниво на гликозата во текот на ноќта“.
Тие се богати со антиоксиданси и микронутриенти
Овој тип на јаткасти плодови е богат со витамин Е и минерали како магнезиум, што според студиите помага во намалување на оксидативниот стрес и подобрување на чувствителноста на инсулин. Витаминот Е е поврзан со подобрен метаболизам на гликоза и намален ризик од отпорност на инсулин, а магнезиумот е клучен за регулирање на нивото на шеќер во крвта со тоа што му помага на инсулинот да ја движи гликозата во клетките, каде што може да се користи за енергија, пренесува Eating Well.
Фoтo: Архива