Метео прогноза за Славчо Попоски:
Изминатата ноќ бевме сведоци на многу силен ветер од јужен правец, предизвикан од длабок циклон со центар над Џенова. Силниот ветер ќе продолжи до крајот на денешниот ден и локално ќе достигнува брзина од над 60/70 км/час.
Под влијание на влажен воздушен бран, особено кон крајот на денешниот ден, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд и локално тие ќе бидат обилни (над 20 л/м2), а не се исклучува можноста за ретка појава на грмежи. Снег ќе врне само на највисоките планини (над 2000 метри надморска височина).
Утре услови за провејување на снег ќе има и на планинските места со надморска височина од под 2000 метри, што значи температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.
И во Скопје и околината кон крајот на денов и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а ќе продолжи да дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Температурите и денес ќе бидат релативно високи за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Наскоро следува детална неделна анализа на времето, за новата седмица која е пред нас.