Награда за најдобра продукција за „Ослободување на Скопје” на фестивал во Лесковац


Филмот беше дел и од фестивалот „Raindance“ во Лондон.
Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија доби награда за најдобра продукција на Интернационалниот филмски фестивал на филмска режија во Лесковац, а учествуваше и на фестивалот „Raindance“ во Лондон.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор Нола, Владимир Анастасов и Арто Халонен.
Во главните улоги настапуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗАПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА 24 ЛАСОВНО ЦРТАЊЕ НА СТРИП

Во тек е пријавувањето за 14. регионална манифестација „24-часовно цртање на стрипови”, отворена за стрип …