„Над Езерото“ – Охридски вински салон 2024

Денес во Охрид, на летната сцена „Долни Сарај“, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи охридскиот вински салон „Над Езерото“.

Канео Ресторан како промотор на винската култура годинава има нов предизвик, да ги сплоти сите најзначајни македонски винарии и да го доближи македонскиот вински идентитет на домашната и странската публика. Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти.


Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални производители на храна и претставници на Slow Food, а свој настап од 21:00-23:00 ќе има Агни Авшар квинтет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Илика“ слави прв роденден

Една година?! Навистина?! Нам времето ни мина бргу и како вчера да го славевме отворањето… …