„На одмор сум, во Скопје сум“ – Настан со најразновидни активности за сите деца

Во организација на општина Центар, од денес започнува големо дружење секој ден со различни активности на различни локации.

Настанот е за сите оние кои се во Скопје, сите ученици кои се на летен распуст, а не се на одмор. Целта е да се разиграат и да се размрдаат со спортски и рекреативни активности но и со следење на детски театарски претстави и организирани креативни работилници.


Програма:

25.6.2024 година (вторник) 19:00 – 20:00 часот
Баскет со кошаркарите на КК Работнички


26.6.2024 година (среда) 19:00 – 20:00 часот
Локација: Детско игралиште пред ТЦ „Зебра“
Едукативна работилница со Стела и Сани

27.6.2024 година (четврток) 19:00 – 20:00 часот
Локација: Парк Капиштец
Детска театарска претстава „Солта поскапа од злато“ – Театар Среќа


28.6.2024 година (петок) 18:30 – 20:30 часот
Локација: Парк на Франкофонија
Детска театарска претстава „Далматинко“
Интерактивен концерт со „Стела и Сани.

Настанот ќе заврши со настап на популарен детски музички бенд или популарни анимирани ликови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …