На денешен ден почина Ристо Калчевски – најкарактеристичниот претставник на апстрактното сликарство

Ристо Калчевски бил македонски сликар и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, најкарактеристичен претставник на апстрактното сликарство

Ристо Калчевски е роден во 1933 година во Прилеп. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Бил професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.


Припадник е на апстрактното сликарство. Акцентот на неговите платна го става на густата текстура. Најголемиот број дела од раната фаза реферираат на некакви урбани фрагментирани пејзажи, перципирани од аеро-перспектива. Делата од подоцнежната фаза, кои се речиси монохромно обоени, индицираат на внатрешната флуктуација на енергијата на сликарската материја.

Во 1969 година ја добил наградата „11 октомври“.


Починал на 7 август, 1989 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на литвански филмови во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм вечерва во Кинотека

Вечерва во рамките на четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм, во Кинотека …