На денешен ден е родена нашата истакната актерка Викторија Анѓушева

Викторија Анѓушева е родена на 1 декември 1959 година во Скопје. Таа е позната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Вукан Диневски во 1982 година. Во 1983 година, била вработена во Драмски театар – Скопје, каде останала сè до нејзиното пензионирање во 2023 година.


Анѓушева остварила улоги во следните серии и филмови:

1979 Наши години ТВ-серија
1982 Илинден ТВ-серија
1983 Премиера ТВ-филм
1985 На наш начин ТВ-филм
1985 Дупло дно ТВ-филм
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1986 Состојба пред инфаркт ТВ-филм
1986 Климент Охридски ТВ-филм
1988 Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1988 Втора смена ТВ-серија
1990 Македонски народни приказни ТВ-серија
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
1994 Прекалени ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија
2003 Митке-Коштан-Гркљан ТВ-филм
2006 Патување со Рабробил ТВ-филм
2010-2011 Од денес за утре ТВ-серија
2010-2012 Македонски стари приказни ТВ-серија
2016 Дете ТВ-филм
2017 Наградата ТВ-филм
2022 Ручек ТВ-филм


Ги остварила следниве тетарски улоги: Наталија Митиќ (Карамазови, 1984) ; Пил (Крал Иби, 1984); Кристина ( Дупло дно, 1984);Снеже/ Кате/ Шут (Патување низ сонот на бајките, 1985); Вештерката (Авантуритена Понг и Луси, 1985); Танчарката (Тетовирани души, 1985); Брук Естон (Хаос зад кулисите, 1985); Актерка (Коприварник, 1986); Јунона (Бура, 1992); Филенета (Жени во народното собрание, 1994); Бети (Питачка опера, 1996); Меј (Мачка на вжештен лимен покрив, 2003); Селанка (Хамлет од Долно Гаштани, 2004); Жена (Дон Жуан, 2005); Англиски конзул (Македонска крвава свадба, 2012); Блаже (Солунски патрдии, 2013).

Среќен роденден Викторија ти посакува редакцијата на Екран.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …