Викторија Анѓушева е родена во Скопје на 1 декември 1959 година. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Покрај ангажманот на театарската сцена како актерка, реализира и театарски кореографии.
Анѓушева ги остварила следниве тетарски улоги: Наталија Митиќ (Карамазови, 1984) ; Пил (Крал Иби, 1984); Кристина ( Дупло дно, 1984);Снеже/ Кате/ Шут (Патување низ сонот на бајките, 1985); Вештерката (Авантуритена Понг и Луси, 1985); Танчарката (Тетовирани души, 1985); Брук Естон (Хаос зад кулисите, 1985); Актерка (Коприварник, 1986); Јунона (Бура, 1992); Филенета (Жени во народното собрание, 1994); Бети (Питачка опера, 1996); Меј (Мачка на вжештен лимен покрив, 2003); Селанка (Хамлет од Долно Гаштани, 2004); Жена (Дон Жуан, 2005); Англиски конзул (Македонска крвава свадба, 2012); Блаже (Солунски патрдии, 2013).
Филмографија: Состојба пред инфаркт (1987); Трст виа Скопје (1987); Погрешно време (2000).
Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и и го честита роденденот на Викторија.