На денешен ден е роден нашиот уметник Страхил Петровски

Страхил Петровски е роден во 1974 година во Куманово, Република Македонија.

Страхил Петровски е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Тој дипломира сликарство во 1997 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Факултет за ликовни уметности, во класата на ред. проф. Родољуб Анастасов, по што во 2000 година завршува постдипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Од 2000 до 2002 година работи како надворешен соработник, демонстратор по предметот Сликарска технологија и сликарски техники, кај проф. Момчило Петровски и проф. Вело Ташовски, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а од 2002 до 2010 година хонорарно е ангажиран во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како надворешен соработник, конзерватор во ателјето за конзервација и реставрација на икони. Учествува и во реализацијата на првиот научноистражувачки проект „Брестал”, под менторство на проф. Момчило Петровски, на Факултетот за ликовни уметности – Скопје. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Петровски, особено во последните години, користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања како постконцептуален дискурс, но и длабоко естетски решенија како формалистички интерес. Долги години, професионално се занимава со фотографија. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјата и во странство.


Член е на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001 до 2007 година и на ИКОМ од 2011 до денес. Работи како советник конзерватор – реставратор во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и како доцент по предметот фотографија на Факултетот за арт и дизајн при Европски Универзитет, Скопје.
Реализирал 16 самостојни изложби во земјата и странство.

Учествувал на повеќе од 80 групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми и семинари во Македонија и во странство: Скопје (1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2017, 2019, 2020, 2021, 2022); Охрид (2017); Струга (2021); Неготино (1995); Тетово (1995, 2022); Куманово (1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2011, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021); Штип (1999, 2000, 2001); Самотраки, Грција (1999, 2001); Горњи Милановац, Србија (2000); Ниш, Србија (2022); Риека, Хрватска (2001); Велес (2001, 2002); Бугарија (2017); Словенија, Похорје (2001); Виена, Австрија (2002), Њујорк, САД (2003, 2005); Урбино, Италија (2018); Малезија (2018)


Добитник е на 8 значајни награди од областа на сликарството.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден е роден нашиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков

Ѓоко Зајков е роден на 10 февруари 1995 година во Скопје. Тој е македонски фудбалер, …