Ангел Гавровски е роден на 25 јуни 1942 година во тетовското село Жилче. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Белград во 1967 година. Член е на ДЛУМ од 1968 година. Има излагано на три самостојни изложби и на многу групни изложби. Како професор предава вечерен акт, пластична анатомија, декоративно писмо, предмети од областа на уникатниот и украсниот текстил, и предмети на ликовното и применетото сликарство.
Бил професор по дизајн на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Скопје. Тој е еден од ретките уметници кои останале доследни на конзерваторската и зографската сликарска традиција, но создава и слики и нови фрески во традиционална техника и во мозаик. Покрај самостојни и групни изложби учествува на преку триесет ликовни колонии во Македонија, Србија, Словенија, Бугарија и Турција. Добитник е на наградата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (1975), и на наградата за цртеж (1999).
Среќен роденден Ангел ти посакува редакцијата на Екран.