На денешен ден е роден еден од најзначајните тенори на сите времиња Лучијано Павароти

Лучијано Павароти е роден во Модена на 12 октомври 1935. Тој беше италијански оперски пејач, кој се смета за еден од најзначајните тенори на XX век. Павароти исто така бил и познат по неговите хуманитарни дела. Добитник е на медалите на Висока комисија на Обединетите Нации за бегалци. Лучијано потекнува од музичка фамилија. Пред да почне да се занимава со музиката, бил педагог и сакал да стане професор. Тој цели 2 години работел на Scuola delle Magistrale. Во 1956 одлучил да стане пејач и почнал да оди на часови по пеење кај Арига Поле во Модена, а подоцна кај Етор Кампољанија во Мантова.

Негов прв јавен настап надвор од Италија бил во Белград-Србија. Потоа тој настапувал низ разни оперски куќи во Италија, Холандија, како и во оперските куќи во Виена и Цирих. Во 1965 година работел во САД и Австралија со Џоан Сатерленд. Партнерите на Лучијано освен Џоан Сатерленд му биле и Хозе Карерас и Пласидо Доминго со кои формира пејачки трио попознат како „Три тенори“.


Павароти на 26 јули е опериран од рак на панкреасот. Во средината на август 2007 година, повеќе од две недели поминал во болница во неговиот роден град за испитување и лечење. Од болницата е пуштен на 25 август. На 5 септември неговото здравје се влошило, така што му откажале бубрезите. Павароти починал на 6 септември 2007 година рано наутро на 72 годишна возраст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …