OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На денешен ден беше роден големиот хрватски музичар Оливер Драгојевиќ

Оливер Драгојевиќ бил роден во Сплит на 7 декември 1947 година. Тој беше еден од најголемите и најпознати хрватски музичари.

Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит – Вела Лука.


Прв естрадни настап му бил детскиот фестивал во Сплит 1961 година со популарната песничка Балони. Истовремено со братот Аљоша снима тогаш познати светски хитови за радиостаницата Сплит. Веќе во 1963 се здобива со голем успех како пејач и клавијатурист на култниот сплитски бенд Батали. На натпреварот аматери пејачи од Хрватска, освојува прво место пеејќи.

Фестивалски деби имал на Сплитскот фестивал 1967 на наговор од Зденко Руњиќ со неговото Пицаферајем. Оваа композиција не стигнала на завршната фестивалска вечер, ама оваа песна во седумдесеттите ќе стане еден од вечно зелените хитови на Оливер. По неуспехот во Сплит 1967 сè до 1972 година, Оливер свири по бројни западноевропски клубови усвојувајќи ги темелните одлики на подоцниот изведувачки манир. По краткотрајната епизода со Дубровачките трубадури која траела помалку од година дена и учеството на пионерските први сезони на сплитскaта група Море во летото 1974, повторно се приклучил на Баталите. На Сплитскиот фестивал се враќа во 1974 година, во голем стил ја освојува првата награда на публиката со композицијата Ча ће ми Копакабана. Потоа тогаш повторно воспоставува соработка со Зденко Руњиќ и во Сплит 1975 ја пее шансоната Галеб и ја, врвен погодок и почеток на долгогодишната соработка и наградите за најнадарениот авторски изведувач. Во наредните децении постигал бројни успеси на настапите на фестивалите, како и издавање на синглови и албуми. Награден е 21 пат со најзначајната хрватска музичка награда Порин. Добитник е на хрватското одликување во редот на Даница со ликот Марко Марулиќ.


Најпознати негови песни се: Галеб и ја (1975), Скалинада (1976), Малинконија (1977), Опрости ми папе (1978), Молитва за Магдалену (1978), Вјеруј у љубав (1979), Надалина (дует со Борис Дворник од 1980), Кароца (1982), Моје прво пијанство (1983), Свирајте ноћас за моју душу (1988), Што то бјеше љубав (1988), Нека се други радују (1990), Цесарица (1993)…

Починал во Сплит на 29 јули 2018 година, на 70 годишна возраст.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдете рамнотежа – Одредена храна може да предизвика забрзано стареење, намалете го внесот на овие намирници

Храната што ја консумираме секојдневно игра важна улога во нашето тело, а некои од нив …