– Откако Бали-бег објавил слика со мајка си, следеле срамни коментари
– Како одговорил познатиот турски актер
Мајката на познатиот турски актер Бурак Озчивит, најпознат по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“, бил мета на критики на социјалните мрежи. По срамните реакции дошол и неговиот одговор.
Бали-бег, односно Бурак Озчивит објавил фотографија со својата мајка Џејхан, а потоа некои како едвај да чекале коментирале дека жената што го родила е грда.
„Оваа грда жена ме роди, ме воспита, ме поддржуваше, криеше пари за да го добијам тоа што го сакам. Во тешките денови, пред да станам тоа што сум, ме гледаше како блескава ѕвезда. Пораснав во прегратките на оваа грда жена и таа ме направи најубав маж и најубав актер. Нејзиното лице е уморно од нас, но таа ќе остане најубава во моите очи”, рекол познатиот актер.
Бурак Озчивит секако се угледува на својата мајка додека ги воспитува своите два сина заедно со сопругата Фахрија Евџен.
Турската актерска двојка, имајќи ги предвид скандалите што ги следеа, се меѓу најинтригантните од Босфорот. Тие се во брак од 2017 година, а ги споило снимањето на серијата „Љубовен дневник“.
View this post on Instagram
Штом нивната врска стана позната, многумина предвидуваа краткотрајна романса. Прво се пишуваше дека турскиот актер е геј и дека неговата врска со Фахрија е само параван, што тој остро го демантираше.
Истовремено, многумина веруваа дека врската нема да трае поради неговата популарност кај женската публика, односно дека Бурак нема да одолее на бројните предизвици.
Гласините дека се разведуваат ги следат уште од првиот ден на нивната венчавка. Турскиот актер ги коментирал тие обвинувања во 2020 година. „Ние двајцата се познаваме многу добро. Вистина е, ние сме познат пар, но дома сме обично семејство. Работата и јавниот идентитет се нешто сосема друго. Меѓутоа, кога влеговме во врска, го знаевме сето тоа. Бевме свесни за сè, и навистина нема никакви проблеми. Мислам дека добро се справуваме со сите предизвици“, рекол атрактивниот актер..
Беше објавено дека актерите биле пред развод, непосредно пред веста дека чекаат уште едно дете. Бременоста на позната Турчинка бил најубавиот демант.
View this post on Instagram
Бали-бег ја бранел мајка си од сопругата
Јавноста постојано се потсетувала на кризите кои наводно ги имале во бракот. Една им се случила откако таткото на актерката починал од рак на желудникот во 2020 година. Фахрије била уништена и Бурак ја презел целата грижа за нивниот син.
Сопругата на Бали-бег не можела да се грижи за детето, а тој ја молел да се обрати за помош кај психијатар.
Познатиот пар го следеа и гласини дека имаат многу различни ставови за родителството, што е уште една причина за нивните наводни конфликти.
View this post on Instagram
Ситуацијата се вжештила за време на пандемијата на корона, од која настрадале и актерката и синот. Наводно Бурак и Фахрије постојано се расправале, а таа влегла во конфликт и со неговата мајка. Кога Бали-бег застанал на страната на неговата мајка, работите кулминирале.
Мафијаши му се заканувале дека ќе му го киднапираат синот
Голем скандал им се случил кога актерот купил вила во близина на Истанбул во 2020 година. „Проблемот настана кога Бурак дозна дека некој друг е заинтересиран за таа куќа и дека цената не му е важна. Бидејќи актерот прв го платил авансот, вториот купувач останал без куќа. Набрзо се дозна дека тој бил член на криминалното милје и дека не му се допаднало што останал без вилата што му се допаѓала, која по секоја цена сакал да ја купи“, раскажал извор.
View this post on Instagram
Поради проблемите со купувањето на куќата, криминалците му се заканувале на познатиот пар со киднапирање на нивниот син. „Верува дека се ќе се реши, но секако дека не му е сеедно. Ангажира телохранители без кои не излегуваат од дома и се надеваат дека драмата ќе заврши што е можно поскоро“, додал изворот.
Фото: Принтскрин/Instagram