На 7 август на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт Вечер на унгарски песни и танци

На 7 август 2024/ среда/ од 20.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт Вечер на унгарски песни и танци, што Центарот го реалиизира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија.

На концертот ќе настапат оркестарот Јухас и фолклорната група Дуна Танода од Баја (Унгарија)


Податоци за изведувачите:

Оркестар Јухас
формиран е во 2000 година.Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли.


Дуна Танода – фолклорно друштво – Баја (Унгарија)

Дуна Танода е фолклорно друштво формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална унгарска народна музика и народни танци.Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство представувајќи го унгарската култура и традиција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Црно под ноктите“ – Изложба на Андреј Медиќ Лазаревски

Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20:30 ќе се случи првата изложба на Андреј …