Почина Масимо Савиќ, соопшти неговото семејство. Имаше 60 години.
Масимо Савиќ почина во Загреб на 60-годишна возраст. Тажната вест ја потврдија од „Аквариус рекордс“.
Неговата сопруга Ени и ќерката Мирна се простија од популарниот пејач со емотивна објава на социјалните мрежи.
– Таткото, сопругот, гордоста и љубовта, Масимо Савиќ, не напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силена, љубов исткаена од уметност. Ние ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и Мирна – стои во нивното соопштение.
Масимо е роден на 6 јули 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде ја започнал својата музичка кариера.
Фото: Принтскрин/Facebook