Брајан Перера, основач на издавачката куќа, Cleopatra Records, соопштението го објавил на 21 декември.
Кејси Кејос, поранешен фронтмен на панк бендовите „Amen“ и „Scum“, починал на 59-годишна возраст. Тажната вест ја објавилаљ издавачката куќа „Cleopatra Records“на Брајан Перера.
Вистинското име на пејачот беше Карим Кмиелнски, тој е роден во Трентон, Њујорк на 9 октомври 1965 година, а пораснал во Мелбурн, Флорида. Од 10-годишна возраст бил на професионални турнеи како скејтер.
View this post on Instagram
Брајан Перера, основач на „Cleopatra Records“, на 21 декември ја објавил следнава изјава:
„Со искрена тага изразувам најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на Кејси Кејос. Имав привилегија да работам со Кејси за време на неговиот незаборавен настап во живо со Christian Death во ‘American Legion Hall’ уште во 1993 година. Да се влезе во салата со мојот добар пријател Мет Грин и неговата сопруга Ивон беше искуство кое никогаш нема да го заборавам – особено кога го видов Николас Кејџ како седи во првиот ред во средината, целосно маѓепсан. Кејси беше ништо друго освен извонреден музичар – тој навистина го живееше и дишеше стилот на живот. Нека почива во мир со Роз Вилијамс и многуте измачени души на кои им се восхитуваме и ги почитуваме“, пишува NME.
Фото: Принтскрин/Instagram