На 34-годишна возраст починал познатиот американски пејач Арон Картер.
Неговото безживотно тело е пронајдено во домот во Ланкастер (Калифорнија), објави TMZ. Полицијата пристигнала откако било пријавено дека тој починал во кадата. Деталите се уште не се познати.
Картер има издадено пет албуми, објавувајќи го својот прв албум во 1997 година, кога имал само девет години. Својот последен албум наречен „Love“ го издаде пред четири години.
Тој е брат на Ник Картер од „Бекстрит Бојс“. Настапуваше со бројни личности од светот на музиката, меѓу кои и Бритни Спирс.
Со своите браќа и сестри учествуваше во реалити серијата „Куќата на Картерс“, која се емитуваше на каналот Е!. Тој се натпреваруваше во „Танц со ѕвездите“ и се појави во тинејџерските серии „Sabrine, Teenage Witch“ и „Lizzie McGuire“.
Фото: Twitter