На 21. март трет концерт на Здравко Чолиќ во Скопје!

„По рекордно распродадените два концерта на Здравко Чолиќ во Скопје, неверојатниот интерес не само што не стивнува туку барањата од публиката се уште поинтензивни, а за сите вас со задоволство организираме и трет концерт во следниот слободен термин и локација за овој ексклузивен музички настан:

📅 Датум: 21 МАРТ 2025
📍 Локација: СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – СКОПЈЕ


🌟 ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СО СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР

❤️ Огромна благодарност и на беспрекорниот артист Здравко Чолиќ кој за оваа прилика го прилагоди својот распоред за да можеме со уште еден дополнителен концерт и тоа пред викенд, да возвратиме на барањата на сите оние кои за овој настан ќе допатуваат од други градови и земји.


Влезниците се во продажба веднаш, онлајн на www.mktickets.mk

 


View this post on Instagram

 

A post shared by 🎫 MkTickets (@mktickets)

Важно: Поради форматот на концертот, салата „Јане Сандански“ ќе биде исполнета исклучиво со места за седење, а тоа значи намален максимален капацитет и повторно апел за публиката навреме да ги обезбеди своите влезници.

Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар и несомнено со најпопуларниот концерт за 2025 година!“, велат од mktickets.mk.

Фото: Принтскрин/mktickets.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се …